Политика за приваност
Последно обновено: 11.08.2023
Политиката на приватност се однесува на доверливоста на информациите содржани на веб страната www.khalisa.mk . Со користење на оваа веб страна податоците се собираат и чуваат во базата на податоци на ТРЕЈД ИМПОРТ ДООЕЛ Кавадарци, како сопственик на веб страната www.khalisa.mk во согласност со законот на СРМ се со цел да се заштити приватноста на корисниците.
Со пристапување или користење на оваа веб страна, крајниот корисник потврдува дека ги прочитал, разбрал и дека се согласува со политиката на приватност и политиката на користење на колачиња како и начинот на употреба на веб страната www.khalisa.mk. Во случај крајниот корисник да не се согласува со Политиките треба веднаш да ја напушти оваа страна и не го употребува нашиот сајт (www.khalisa.mk).
Оваа политика на приватност ТРЕЈД ИМПОРТ ДООЕЛ Кавадарци може да ја измени во секое време преку објавување на нова политика на приватност во делот на веб страната наменет за Политика на приватност. Посебно оваа практика на промена на Политика на приватност ќе се менува за потреба на усогласување на евентуално донесени нови законски прописи во однос на Политика на приватност. Новата политика на приватност стапува на сила веднаш по нејзиното објавување на веб страната. Крајниот корисник е одговорен самостојно да ги следи промените на страната и да ги воочи промените во оваа Политика на приватност. Постојаното користење на веб страната www.khalisa.mk значи дека крајниот корисник ги прифаќа условите во најновата верзија на Политиката на приватност објавена на веб страната. Можете да видите кога оваа Политика за приватност била последен пат променета според датумот објавен погоре во “Последно обновено”.
Веб страната не е наменета за корисници помлади од 18 години и тие не смеат да ја користат веб страната www.khalisa.mk . Во случај на користење на веб страната од страна на краен корисник помлад од 18 години што е против правилата на користење, ТРЕЈД ИМПОРТ ДООЕЛ Кавадарци не сноси никаква одговорност за последиците од таа активност.
Лични податоци се податоци кои идентификуваат одреден краен корисник.
Кога ќе се вклучите во некои активности на веб-страница, како на пример креирање на профил, порачување производ или услуга од нас, додавање на содржина и/или објавување на содржина во форуми за дискусија, пријавување на натпревар или игра спонзорирана од нас, пополнување на анкета, објавување на мислење, испраќање на нас повратни податоци, барање податоци за нашите услуги, регистрирање за специјални понуди од трети лица преку вебсајтот, може да побараме да обезбедите некои податоци за Вас. Не е задолжително за да се вклучите во некоја активност која бара идентификација. Ако одберете да се вклучите во некоја активност која бара идентификација, може да побараме од Вас да обезбедите одредени лични податоци, како на пример: име и презиме, поштенска адреса (вклучувајќи и поштенски код), е-мејл адреса, телефонски број и датум на раѓање.
Во ниту еден случај НЕ БАРАМЕ ЕМБГ или број на било каков документ издаден од СРМ.
Кога ќе нарачате производ или услуга, податоците кои ги внесувате за плаќање се податоци кои ние не ги чуваме, а се процесираат преку https безбедносна конекција преку платежниот процесинг систем на NLB Банка.
Во зависност од активноста, некои од податоците се задолжителни, а некои се идентификувани како доброволни. Ако не се обезбедат задолжителните податоци за одредена активност која го бара тоа, нема да Ви биде дозволено да се вклучите во таа активност.
ТРЕЈД ИМПОРТ ДООЕЛ Кавадарци нема да ги сподели личните податоци на крајниот корисник, освен ако не е во целост пополнето барањето за лични податоци. Личните податоци ТРЕЈД ИМПОРТ ДООЕЛ Кавадарци ќе ги користи за испраќање и дистрибуција на административни и промотивни пораки, анализа на податоците, обработка на кредитна картичка и слично и ќе ги сподели вашите лични податоци како краен корисник со дистрибуција, сервис провајдери на производи, испорака на пакети, испраќање на пошта и слично.
Со цел заштита на податоците ТРЕЈД ИМПОРТ ДООЕЛ Кавадарци презема многу мерки на претпазливост за личните податоци, но за жал не постои пренос на податоци преку интернет или преку било која бежична мрежа која може да биде 100% сигурна. Поради тоа ние спроведуваме безбедносни мерки за заштита на податоците и не можеме да ја гарантираме безбедноста на било кои информации пренесени преку вебсајтот www.khalisa.mk и ТРЕЈД ИМПОРТ ДООЕЛ Кавадарци не е одговорна за било каква постапка од трета страна со таквите инфорации.
ТРЕЈД ИМПОРТ ДООЕЛ Кавадарци – Друштво за Трговија, Услуги и Производство ТРЕЈД ИМПОРТ Друштво со Ограничена Одговорност ул. Брушанска бр.30 Кавадарци
Податоците кои ги собираме и се чуваат кај нас, нема да се објавуваат, продаваат или доставуваат на трета страна освен на надлежните органи на начин определен со законските прописи на Република Северна Македонија.
ТРЕЈД ИМПОРТ ДООЕЛ го задржува правото да ги користи IP aдресите и другите податоци на корисниците за откривање на нивниот идентитет во случај на спроведување на законот и законските постапки.
Во секој момент може да извршите промена, ажурирање или корекција на Вашите неточни лични податоци и информации.
ТРЕЈД ИМПОРТ ДООЕЛ има усвоена политика за сигурност и заштита на податоци, со што ја демонстрира посветеноста на нашата фирма кон заштитата на приватноста на клиентите. Со исклучок на податоците од финансиска природа, сите информации кои ги собираме од веб страната се исклучиво за наша употреба (релација со корисници, следење на нарачка итн.) и истите не се предаваат на други лица за било каков основ. Не собираме никакви информации од финансиска природа, како број на картичка и сл. Податоците околу кредитната картичка и банкарската сметка ќе бидат чувани и користени исклучиво од страна на NLB Банка со цел наплата на продуктите/нарачките преку извршување на трансакција. Трансакцијата при наплаќање на производот е пренасочена и се процесира преку порталот за наплата од кредитни картички на NLB Банка. Порталот користи современа заштита на податоците и сите процеси се одвиваат преку сигурна конекција со банката.
ПРАВО НА ОТКАЖУВАЊЕ
Вие имате право во секое време да ја повлечете вашата согласност за користење на вашите лични податоци во иднина. Само испратете е-пошта на адресата info@khalisa.mk.
ЗАДРЖУВАЊЕ НА ПОДАТОЦИ
Личните податоци ги задржуваме само онолку што е потребно за да ви испорачаме нарачката или да одговориме на прашањата што сте ги побарале или за кои сме ја добиле Вашата согласност, освен во случаи предвидени со закон (на пр. во врска со тековен судски процес)
Со цел заштита на податоците компанијата ТРЕЈД ИМПОРТ ДООЕЛ презема многу мерки на претпазливост за личните податоци, но за жал не постои пренос на податоци преку интернет или преку било која бежична мрежа која може да биде 100% сигурна. Поради тоа ние спроведуваме безбедносни мерки за заштита на податоците и не можеме да ја гарантираме безбедноста на било кои информации пренесени преку вебсајтот www.khalisa.mk и компанијата ТРЕЈД ИМПОРТ ДООЕЛ не е одговорна за било каква постапка од трета страна со таквите инфорации.
ПОЛИТИКА НА КОРИСТЕЊЕ НА КОЛАЧИЊА
ТРЕЈД ИМПОРТ ДООЕЛ Кавадарци ја цени вашата приватност. Со цел да разбереме како луѓето ја користат нашата веб страна и да ја подобриме, ние прибираме податоци за Вашето користење на оваа страна. Оваа алатка ќе ви помогне да разберете какви информации се прибираат и ќе ви овозможи контрола на тоа како се прибираат и користат.
ШТО СЕ КОЛАЧИЊА?
Колачиња претставуваат мали фајлови со податоци кои се поставени на Вашиот компјутер или мобилен телефон кога посетувате веб страна. Колачињата се многу користени од страна на интернет провајдерите со цел нивните веб страни да функционираат или за да функционираат поефикасно, како и за да обезбедат информации за извештаи.
Колачињата поставени од страна на сопственикот на веб страната или провајдерот на услуги (во овој случај ТРЕЈД ИМПОРТ ДООЕЛ ) се нарекуваат ‘колачиња на првата страна’. Колачињата што се поставени од други страни, а не од сопственикот на веб страната се нарекуваат ‘ колачиња на трети страни’. Колачињата на трети страни овозможуваат да се обезбедат можностите или функционалноста на трета страна на или преку веб страната или сервисот што го користите (како на пр. рекламирање, интерактивна содржина и аналитика). Третите страни кои ги поставуваат овие колачиња на трети страни може да го препознаат Вашиот компјутер и кога ја посетува веб страната или сервисот и кога посетува одредени други страни и сервиси.
ЗОШТО КОРИСТИМЕ КОЛАЧИЊА И ДРУГИ ТЕХНОЛОГИИ ЗА СЛЕДЕЊЕ?
Користиме колачиња на прва страна и колачиња на трета страна од неколку причини. Некои колачиња се потребни заради технички причини, за нашите веб страни и услуги да можат да функционираат, и нив ги сметаме за ‘суштински’ или ‘неопходни’ колачиња. Други колачиња ни овозможуваат нам и на трети страни со кои соработуваме да ги следиме и таргетираме интересите на посетителите на нашите веб страни, а нив ги нарекуваме колачиња за ‘перформанси’ или ‘функционалност’. На пример, користиме колачиња за да ја прилагодиме содржината и информациите кои ви ги испракаме или презентираме и на тој начин го персонализираме вашето искуство додека сте во интеракција со нашите веб страни, и за да ја подобриме функционалноста на нашите услуги. Исто така, овозможуваме нашите корисници да употребуваат колачиња или слични технологии за следење во врска со нивното користење на услугите со цел да ни овозможат нам и на нашите корисници да ги следиме нивните претплатници. На крај, трети страни пласираат колачиња преку нашите веб страни и услуги за рекламни цели, аналитика и други цели. Повеќе детали за ова подолу.
ПРАВО НА ПРИСТАП И ИСПРАВКА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ НА СУБЈЕКТИТЕ НА ЛИЧНИТЕ
ПОДАТОЦИ
ТРЕЈД ИМПОРТ ДООЕЛ во својство на Контролор на лични податоци, врши собирање, чување и обработка на лични податоци на физички лица со кои стапуваат во деловен однос.
ЗАПИРАЊЕ НА ОБРАБОТКА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ
Субјектот на лични податоци има право со поднесување на Барање за запирање на обработката на личните податоци, да побара запирање на обработката на неговите лични податоци кога личните податоци се обработуваат со цел:
извршување на работи од јавен интерес или на службено овластување на ТРЕЈД ИМПОРТ ДООЕЛ или на трето лице на кое му се откриени податоците или
исполнување на легитимните интереси на ТРЕЈД ИМПОРТ ДООЕЛ, трето лице или лице на кое податоците му се откриени, освен ако слободите и правата на субјектот на лични податоци не преовладуваат над таквите интереси
Доколку Барањето е основано, ТРЕЈД ИМПОРТ ДООЕЛ е должен да ја запре понатамошната обработка на личните податоци.
Промена, дополнување или бришење на личните податоци
По поднесено Барање за дополнување, измена или бришење на информации за обработка на
личните податоци од страна на субјектот на лични податоци, ТРЕЈД ИМПОРТ ДООЕЛ е должен да ги промени, дополни или избрише, односно да го сопре користењето на личните податоци.
Дополнување, измени, бришење или сопирање на користењето на личните податоци се прави и во случај кога ТРЕЈД ИМПОРТ ДООЕЛ ќе утврди дека личните податоци се нецелосни, неточни или неажурирани, односно доколку нивната обработка не е во согласност со законските одредби.
Барањето може да се испрати на меил: info@khalisa.mk или да се достави писмено барање во најблиската физичка локација на ТРЕЈД ИМПОРТ ДООЕЛ. Барањето ќе биде проследено до Офицерот за заштита на личните податоци. Офицерот за заштита на личните податоци е должен да одговори и/или достави информација до субјектот на лични податоци, за секое уредно примено Барање во рок од 15 дена сметано од денот на прием на Барањето, освен ако тоа не е возможно или ако тоа бара несразмерен напор или трошок. Доколку ТРЕЈД ИМПОРТ ДООЕЛ еднаш одговорил и/или доставил информација за одредено Барање од страна на субјектот на лични податоци и не изминале 6 месеци од денот на доставувањето на претходното барање, нема обврска повторно да одговори на исто или слично барање на тој субјект, ако во меѓувреме нема промени во неговите лични податоци.