Услови за Користење

УСЛОВИ И ПРАВИЛА НА КУПУВАЊЕ И ИСПОРАКА

ОПШТИ УСЛОВИ ЗА ЕЛЕКТРОНСКА ТРГОВИЈА, ОНЛАЈН НАРАЧКА, ПЛАЌАЊЕ И КУПУВАЊЕ НА ПРОИЗВОДИ ПРЕКУ ТРЕЈД ИМПОРТ ДООЕЛ Кавадарци ИНТЕРНЕТ ПРОДАВНИЦА

ВОВЕД

Предмет на овие Општи услови е утврдување на условите за онлајн нарачка, плаќање и купување нa производи преку веб страната на ТРЕЈД ИМПОРТ ДООЕЛ Кавадарци www.khalisa.mk Секој од подолу наведените изрази го има следното значење во смисла на овие Општи услови за онлајн купување: Посетител на страницата е секое лице кое по пат на средствата за електронска комуникација пристапува на веб страната www.khalisa.mk и ја разгледува понудата на производи и/или услуги на ТРЕЈД ИМПОРТ ДООЕЛ Кавадарци. Купувач е физичко или правно лице кое преку веб страната на ТРЕЈД ИМПОРТ ДООЕЛ Кавадарци нарачува и купува производи и/или услуги од понудата на ТРЕЈД ИМПОРТ ДООЕЛ Кавадарци. За Посетителот односно Купувачот, кој стапува во деловен однос со ТРЕЈД ИМПОРТ ДООЕЛ Кавадарци се применуваат позитивните законски прописи во Република Македонија од областа на електронските комуникации, електронска трговија, заштитата на личните податоци и заштитата на потрошувачите, како и Општите услови за начинот на пристап и користење на јавните комуникациски услуги на ТРЕЈД ИМПОРТ ДООЕЛ Кавадарци.

РЕГИСТРАЦИЈА НА КУПУВАЧОТ

Купувачот кој сака да стане корисник на услугата за електронска трговија и сака да нарача и купи производ или услуга од ТРЕЈД ИМПОРТ ДООЕЛ Кавадарци преку веб страната www.khalisa.mk потребно е по одбирањето на производот/те и нивно ставање во кошничката за купување да се регистрира на www.khalisa.mk, за да може да отпочне и се реализира онлајн нарачката при електронска трговија. Регистрираниот онлајн купувач со пополнување на обрасците при купувањето на веб страната www.khalisa.mk во целост ја потврдува точноста на податоците што ги внесува во образецот, вклучувајќи ги и личните податоци. Во моментот на нарачувањето на одреден производ/и од понудата, Купувачот се согласува на овие Општи Услови за онлајн нарачка, плаќање и купување на производ/и преку веб страницата на ТРЕЈД ИМПОРТ ДООЕЛ Кавадарци. ТРЕЈД ИМПОРТ ДООЕЛ Кавадарци го задржува правото да ги измени овие Правила или да ја укине Програмата за онлајн трговија. Во овие случаи истото ќе биде објавено на интернет страницата на ТРЕЈД ИМПОРТ ДООЕЛ Кавадарци, www.khalisa.mk.

УСЛОВИ И ПРАВИЛА ЗА КУПУВАЊЕ

Цените на сите производи на www.khalisa.mk се изразени во денари со вклучен ДДВ. Цените за онлајн купување може да бидат привилегирани и помали од малопродажните цени во салоните на ТРЕЈД ИМПОРТ ДООЕЛ Кавадарци и ќе бидат соодветно означени на веб апликацијата www.khalisa.mk . ТРЕЈД ИМПОРТ ДООЕЛ Кавадарци го задржува правото за промена на цените, во согласност со политиката на компанијата, без известување за корисниците. Корекција на цената нема да биде извршена ако нарачката е прифатена. Купувачот се обврзува да ја плати цената, која е понудена во моментот на извршување на нарачката, независно од фактот што цената може да биде променета во меѓувреме. Артиклите кои се означени со специјални промотивни цени, за кои важат специјални промотивни услови и кои се ограничени со количини, од објективни причини постои можност да не бидат процесирани во системот, односно нарачките со тие артикли може да бидат откажани. Купувачот може да избере еден или повеќе производи, како и пакет на производи од понудата на ТРЕЈД ИМПОРТ ДООЕЛ Кавадарци. Купувачот може да ја откаже, дополни или корегира нарачката во било кое време, пред да го реализира плаќањето. Регистрирањето  е задолжително за реализацијата на нарачката, и при нарачката, задолжителни се податоците за контакт, како и адреса за испорака. По завршувањето на нарачката ќе Ви биде испратен e-mail на адресата која ја имате наведено. При евентуални технички проблеми со интернет страната, ТРЕЈД ИМПОРТ ДООЕЛ Кавадарци има право да ја одбие нарачката или да го прекине процесот на купување, и не сме обврзани да извршиме никакво обесштетување, освен враќање на уплатените средства од страна на купувачот.

НАЧИНИ НА ПЛАЌАЊЕ

Плаќањето за производите и услугите на ТРЕЈД ИМПОРТ ДООЕЛ Кавадарци ДОО купени преку веб страната www.khalisa.mk (во понатамошниот текст: Производи) може да се изврши на еден од подолу наведените начини: -Плакање со банкарски налог и верификација на оператор Плаќање со банкарски налог и верификација на оператор Плаќањето со Банкарски налог може да се изврши од страна на Физичко или правно лице од сите Банки регистрирани на територија на Република Македонија со соодветен налог за трансфер нa средства по извршената онлајн нарачка и избирање на начин на плакање ”Плакање со Банкарски налог” По извршеното плаќање од страна на купувачот вработениот оператор за контрола и потврда на извршена трансакција е должен да ја провери веродостојноста на податоците и износот на извршената уплата со Банкарскиот налог, по што се пристапува кон известување на купувачот по пат на СМС порака или електронска пошта, по што се врши организирање на испорака на производот(те) на дадената адреса за испорака од страна на купувачот.

ИСПОРАКА

Испораката се врши на адресата дефинирана од Купувачот при извршената нарачка исклучиво на подрачјето на Р. Македонија само на лицето со својство на Купувач (име и презиме) или на лицето дефинирано како превземач на нарачката од страна на Купувачот.
·     За Купени производи во вредност под 3000 ден се наплаќа трошок за испорака од 150 денари.
·     За Купени производи во вредност над 3000 денари, нема да се наплаќа трошок за испорака.
Трошоците за испорака важат за достава низ Скопје и цела територија на Република Македонија. Преземањето може да се изврши исклучиво од страна на Купувачот (или наведеното лице за прием на нарачката) со покажување на валиден документ за лична идентификација. Пред испораката на производот купувачот ќе биде телефонски контактиран, на телефонскиот број оставен за контакт, за потврдување на датумот и времето на испораката. Точен телефонски број е задолжителен податок при правење нарачка. Доколку нарачката е направена по 16 часот (од понеделник до петок), истата ќе биде проверена од наша страна наредниот работен ден, и откако ќе се добие потврда за успешната трансакција, започнува да тече периодот за испорака. Доколку нарачката е направена во Сабота, Недела или во друг неработен ден, оваа процедура започнува од првиот нареден работен ден. Во рокот на испорака не се пресметуваат викендите и неработните денови. Испораката на производот се врши на наведената адреса за испорака од страна на купувачот. Секој купувач е должен при превземање на производот, да го провери од евентуални оштетувања при транспорт, а доколку се работи за повеќе производи, да провери дали некој производ недостасува. Доколку производот е испорачан оштетен, или одреден производ недостасува од нарачката, купувачот треба да не информира веднаш, како би превземале мерки за отстранување на ненамерната грешка. Во овој случај, трошоците за замена на производот нема да бидат на товар на купувачот. Во случај купувачот да сака да го врати производот, не по наша вина или вина на доставувачот, и сака да му се врати уплатената сума на производот, тогаш од крајниот износ ќе биде одбиен целосниот трошок за испорака, во двете насоки по ценовникот на овластениот доставувач. Доколку купувачот сака да го замени или врати производот, должен е да го чува неоштетен, неотпакуван и неупотребуван заедно со сите приложени документи, на негов трошок да го однесе до седиштето на ТРЕЈД ИМПОРТ ДООЕЛ Кавадарци или до некоја од нашите подружници. Незадоволството на потрошувачот од својствата на производот доколку производот е во исправна состојба и добар рок е на ризик на купувачот. При купување на декоративна козметика , нијансата може да варира во зависност од бојата на екранот до природната светлина.

Доколку има доцнење на испораката од страна на компанијата која е ангажирана за извршување на испораката, ТРЕЈД ИМПОРТ ДООЕЛ Кавадарци не може да превземе никаква одговорност. Испораката на нарачките ќе се врши преку – партнер за логистика на ТРЕЈД ИМПОРТ ДООЕЛ Кавадарци за овој вид испораки. Партнерот за логистика на ТРЕЈД ИМПОРТ ДООЕЛ Кавадарци за овој вид испораки има обврска  да го контактира Купувачот за да се договори точното време на испорака,и тоа најмногу во рок од 2 до 5 работни дена по извршената онлајн нарачка.

Партнерот за логистика има обврска за го контактира купувачот непосредно пред испораката на адресата на примачот наведена во адресницата пополнета од страна на ТРЕЈД ИМПОРТ ДООЕЛ Кавадарци. Доколку пратката не се достави во првиот обид Партнерот за логистика ги контактира примачите за да ја договори наредната испорака. Доколку доставувачот – овластеното лице на партнерот за логистика на ТРЕЈД ИМПОРТ ДООЕЛ Кавадарци за овој вид испораки не успее да го најде Купувачот или наведеното лице за прием на нарачката на наведената адреса за испорака, по електронски пат ќе бидете информирани  за направен обид за испорака и ќе бидат дадени информации за контакт каде што Купувачот е должен да се јави во рок од 2 работни дена, со цел повторно да се договори термин за испорака на нарачката на адресата на Купувачот.
Доколку податоците дадени од купувачот се погрешни (телефонски број, адреса, град итн.) , производите ќе бидат вратени во седиштето на ТРЕЈД ИМПОРТ ДООЕЛ Кавадарци и купувачот ќе може да ги подигне лично или да побара повторна испорака со точни податоци на негов трошок.

ОДГОВОРНОСТ НА ТРЕЈД ИМПОРТ ДООЕЛ Кавадарци ВО СЛУЧАЈ НА ЗЛОУПОТРЕБА, НЕСООДВЕТНО И НЕОВЛАСТЕНО КОРИСТЕЊЕ НА ИНСТРУМЕНТОТ ЗА ПЛАЌАЊЕ

ТРЕЈД ИМПОРТ ДООЕЛ Кавадарци во потполност се оградува од каква било одговорност за штетата која може да му биде нанесена на Купувачот и/или на трети лица доколку истата настанала како последица на несоодветно и неовластено користење на платежната картичка односно доколку од било кои причини истата е злоупотребена или искористена без знаење и согласност на сопственикот или доколку е украдена. Во наведените случаи ТРЕЈД ИМПОРТ ДООЕЛ Кавадарци нема обврска да изврши поврат на уплатените средства. ТРЕЈД ИМПОРТ ДООЕЛ Кавадарци не е одговорен за трошоците за интернет сообраќајот на купувачот и нема да сноси одговорност за било која предизвикана штета која би можела да настане како резултат на прекин на интернет врската во моментот на користење на електронските услуги кога би се вршело онлајн купување.

ВРАЌАЊЕ И РЕФУНДИРАЊЕ НА СРЕДСТВАТА

По извршената испорака нема можност да се откаже купениот производ и да се сторнира платениот износ освен во случаи кога корисникот има право да го откаже купувaњето врз основа на императивните одредби на Законот за заштита на потрошувачите. Доколку Купувачот добие е-пошта или СМС потврда за успешно извршено плаќање, а не го добие производот во предвидениот рок, во тој случај Купувачот може да достави приговор во било која продавница на ТРЕЈД ИМПОРТ ДООЕЛ Кавадарци или на info@khalisa.mk. Купувачот е должен во прилог на приговорот да достави и доказ за потврдена уплата и/или извод од банката за извршена трансакција. На сите кориснички рекламации и поплаки, ТРЕЈД ИМПОРТ ДООЕЛ Кавадарци ќе одговори во законски предвидениот рок од 15 дена.

ОСТАНАТИ ОДРЕДБИ

Производот/те се резервирани за испорака по добиената потврда за плаќање од страна на Купувачот. Со самото ставање на производите во кошничка не значи дека е направена резервација и дека е затворена нарачката. Доколку нарачката не е заклучена до крај, односно содржината на нарачката се уште се наоѓа во кошничка, а времето на неактивност на Посетителот/Купувачот на www.khalisa.mk е подолго од 30 минути, содржината на кошничката автоматски ќе биде избришана. ТРЕЈД ИМПОРТ ДООЕЛ Кавадарци го задржува правото без претходна најава да ги измени овие Општи услови како и содржината наwww.khalisa.mk, а најновата верзија на Општите услови за онлајн нарачка, плаќање и купување на услуги и/или производи преку веб страната на ТРЕЈД ИМПОРТ ДООЕЛ Кавадарци, корисникот ќе може да ги прочита на веб страната на  ТРЕЈД ИМПОРТ ДООЕЛ Кавадарци www.khalisa.mk. Измените на овие Општи услови стапуваат на сила со датумот на нивната објава.

Се согласувам во целост со условите за електронска трговија,интернет купување и плакање.